ЗОШТО НАЈНИСКАТА ЦЕНА ЗА ПРОЕКТИРАЊЕ НЕ Е СЕКОГАШ „НАЈЕВТИНА“?

ЗОШТО НАЈНИСКАТА ЦЕНА ЗА ПРОЕКТИРАЊЕ НЕ Е СЕКОГАШ „НАЈЕВТИНА“?

Во време кога нема усвоен тарифник за одредување на цената за проектирање, на пазарот на трудот цените на проектантските услуги континуирано се намалуваат. Тоа оди во прилог на инвеститорите, но за жал не и во прилог на градбите или ентериерите.

Кога како „најважен“ критериум се зема цената, се занемаруваат другите вредности на проектот како што се содржината, квалитетот, искуството на проектантот, времето за изработка на проектот и сл. Бидејќи во стратегиите за продажба секогаш најниската цена „продава“, треба да се постави прашањето дали со таа најниска цена се намалува и квалитетот?!

Можеби во прв момент нешто што изгледа поефтино, долгорочно ќе донесе нови трошоци, но веќе навлезени во проектот ќе треба да се прифатат. На прв поглед не е лесно да се донесе одлука за прифаќање на понуда за проектирање, но со внимателна анализа може да се направи добар избор.

 

 

Посочуваме неколку причини зошто треба да бидете претпазливи кога донесувате важни одлуки, бидејќи  најниската цена  не е секогаш „најефтина“!

– Mожно е да има скриени дополнителни трошоци. Секогаш кога барате понуда обратете внимание што вклучува истата

– Можно е да добиете неквалитетно изработен проект, заради заштеда на време

– Можеби ќе добиете некомплетен проект што ќе се одрази на времето на изведбата, ќе бара преработки и промени

– Промените за време на изведба носат секогаш поголеми непланирани трошоци

– Најниската цена понекогаш значи и најмала мотивација за архитектот, а со тоа и не креативен проект

 

Доколку имате потреба од нашите услуги побарајте понуда тука

Или контактирајте не на:

е-mail: ateljeproekting@gmail.com

тел: +389 70 367 499
+389 70 935 277