ТРЕНДОВИ ВО УРЕДУВАЊЕ НА ДЕТСКИ СОБИ

ТРЕНДОВИ ВО УРЕДУВАЊЕ НА ДЕТСКИ СОБИ


Шарените геометриски форми:
Тие се секогаш неодоливи за децата. Се повеќе се употребуваат како цртежи на ѕидовите, дезен на теписи или постелнина. Геометриските шари лесно се комбинираат и одговараат за сите возрасти.

Тематски детски соби:
уредување кое со дизјанот доловува еден специфичен амбиент, на пр: џунгла, брод, вселена, шума, замок и сл. Овој тип на детски соби се сон за секое дете и предизвик за секој дизајнер на ентериер. За да се реализираат успешно потребна е конкретна тема според која специјално ќе се изработи мебелот по мерка. А ќе се надополни со соодветна декорација за целосен ефект.

Скандинавски стил:
се употреба бела, црна, сива и беж боја за ѕидовите, “натур” дрво и едноставни линии за мебелот. Овој стил одговара за сите возрасти и може долго врме да се користи мебелот, а да не изгледа застарено.

Унисекс соби:
Често кај бебешките соби боите и мотивите се неутрални. Се  избегнува розова и сина боја, а се користат пастелни бои, беж или сива. Смирените бои придонесуваат за релаксирана атмосвера која не ги оптоварува сетилата на бебињата.

Еко дизајн:
најчест избор на новите генерации родители. Тие бираат рециклирани материјали кои не создаваат отпад, органски памук, природни материјали, нетоксичен мебел и играчки. Избираат мебел кој долго ќе трае и ќе може да се пренамени во иднина.

 

 

Доколку имате потреба од нашите услуги побарајте понуда тука

Или контактирајте нѐ на:

е-mail: ateljeproekting@gmail.com

тел: +389 70 367 499
+389 70 935 277