ТРЕНДОВИ ВО УРЕДУВАЊЕ НА БАЊА

ТРЕНДОВИ ВО УРЕДУВАЊЕ НА БАЊА

 Мермер

Дизајните со мермер доминираат во ентериерите последните неколку години. Сеуште се актуелни плочките со дизајн на мермер во трендовите за уредување на бањата. Еднобојните комбинации од бел или црн мермер се добар избор за мала бања. Во поголема бања може да се комбинираат со други бои и матријали. Складни комбинации се постигнуваат со дрво, еднобојни плочки во бела, сива или црна боја. Во тренд се големи димензии на плочки за подни и за ѕидни површини. Убавината на мермерот се потенцира со златни детали, чешми или галантерија. Мермерот (или композитни материјали со изглед на мермер) често се користи и како плоча за поставување или вградување мијалник.

 

 

 

 

 

 

Дрво

Плочките со дизајн на дрво исто така се тренд кој сеуште е актуелен и многу омилен. Без разлика дали се поставуваат на под или ѕид секогаш прават топла атмосфера која во бањите е посакувана. Овие плочки се комбинираат лесно со најразлични бои и текстури за да се добие добар дизајн. Дрвото се користи често и во елементите за мијалници, каде што доаѓа до израз неговиот луксузен изглед. Се среќаваат сите нијанси на дрво, од светли бука- нијанси за скандинавски дизајн, до темни орев- завршници за ексклузивен изглед.

 

 

 

 

 

 

 

Златни детали

Како совршено надополнување на дизајнот на бања, се користат чешми, тушеви, рачки и галантерија со златни и бакарни завршници. Секогаш додаваат луксузен акцент во просторот. Интересен контраст се постинува кога се комбинираат златни чешми со едноставни и минималистички плочки.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Дезени

Плочки со интересни дезени се вистински избор за необична бања. Соодветни за динамични и храбри ентериери овој тип на плочки секогаш ќе привлекуваат внимание. Изборот на дизајни е голем, геометриски, ретро, марокански, арапски, флорални и др. Треба само да го одредите стилот и боите за Вашата бања за да ги вклопите вистинските плочки со дезен.

 

 

 

 

 

 

 

 

Спа амбиент

Релаксирачкиот амбиент во спа центрите, е често инспирација за уредувањето на бањата. Се постигнува со вклопување на природни елементи како обработки што изгледаат како камен, дрво, бамбус и др. Палетата на бои е неутрална од беж и песок- боја до нежни сиво-кафени тонови. Плочките со органски текстури како бранови или песок, совршено се вклопуваат во ваков тип бањи. Скриеното амбиентално светло секогаш е добар избор. Може да се употреби скриено позади огледало, во плафон, под елемент за мијалник или во отвор за вградени полици на ѕидовите. Како надополнување се декорира со природни растенија соодветни за овој тип простори.

 

 

 

 

 

 

Доколку ви е потребна помош за урдување на Вашата бања, ние може да ви помогнеме со идеи и 3D визуализација за просторот.

Контактирајте нѐ на:

е-mail: ateljeproekting@gmail.com

тел: +389 70 367 499
+389 70 935 277