СОВЕТИ ЗА „KID-FRIENDLY“ УРЕДУВАЊЕ НА ДОМОТ

СОВЕТИ ЗА „KID-FRIENDLY“ УРЕДУВАЊЕ НА ДОМОТ

 

Уредувањето на домот треба да ги следи развојните фази на семејството. Секојдневието со мали деца бара почесто средување и чистење на просторот во кој живееме. Домот треба да биде безбедно и удобно место за децата, а истовремено лесен за одржување за родителите.

Споделуваме неколку совети за убаво уреден дом, иако имате мали деца.

 

Во дневната соба одделете фиока или шкафче во кое Вашите деца ќе може да ги чуваат своите книги, сложувалки или прибор за цртање и заедно собирајте ги по користењето. За убаво уредена дневна соба без расфрлени играчки, решение е да одвоите некоја декоративна кутија или декоративна плетена корпа во која децата ќе може да ги чуваат играчките што им се потребни тој ден.

Кога купувате мебел бирајте парчиња што немаат остри агли, покрај масите, и комодите да бидат со малку заоблен раб за да не може да се случи поголема повреда. Секако дека постојат штитници за ќошеви, но поголемите деца вешто знаат да ги отстранат. Наша препорака за клуб маса е кружната форма бидејќи може безбедно да се движат околу неа без опасност.

 

Полици и комоди кои се високи и отворени се лесен предизвик за качување. За поголема безбедност непходно е да се прицврстат за ѕидот за да се избегне повреда. Декоративните предмети на просторот сведете ги на минимум и аранжирајте ги на висина недостапна за децата.

Околу материјалите од кои е изработен мебелот, дрвото е секогаш добар избор. Не е толку лесно да се оштети, а доколку се случи тоа, може да се обнови со стругање. Исто така дрвото добива и некоја топлина и сентиментална вредност со користењето и малите гребнатини изгледаат симпатично. Ивериците и медијапаните со фолија која е отпорна на гребење се вистински избор за вратничките на кујната или плакарите. Од безбедносен аспект, заради кршење и повреда од неговите остри агли стаклото е материјал несоодветен за опкружување на деца. Исто така малите детски раце постојано ќе прават отисоци и воопшто нема да дојде до израз неговата елеганција и убавина.

Во изборот на бои и завршници би ги издвоиле бела, крем, светли сиви нијанси во мат или полумат финиш. Нивното одржување е полесно наспроти темно кафените, сиви и црни тонови со сјајна завршница на која лесно се познаваат отисоци и прашина.

Од материјалите за гарнитура најлесни за одржување се кожата и одредени синтетички штофови на кои не остануваат дамки. Белата и беж тоновите треба да се избегнуваат, најдобро е материјалот да има поизразена текстура за да ги прикрива недостатоците.

Доколку имате потреба од нашите услуги побарајте понуда тука

Или контактирајте не на:

е-mail: ateljeproekting@gmail.com

тел: +389 70 367 499
+389 70 935 277