„Рецепт“ за совршена кујна

„Рецепт“ за совршена кујна

Кујната е многу важна во уредувањето на домот и затоа треба внимателно да се дизајнира. За идеално да функционира и убаво да изгледа потребно е многу умешност и добро планирање. Тоа е и суштината на добриот дизајн, естетика и функционалност. Иако во најголем дел распоредот и типот на кујната зависи од просторот предвиден за неа. Сепак има принципи со чија примена се постигнува оптимално искористување на просторот и леснотија во користењето.

Изборот на материјал и боја се едни од најважните одлуки што ќе ги донесете. Секогаш одберете го најквалитетниот материјал што може да си го дозволите, бидејќи кујната е дел од домот кој со години се користи секојдневно. Одберете квалитетна плотна и материјали за корпус и вратнички, кои се водоотпорни и се отпорни на механички оштетувања.

Подот во кујната и обработката на ѕидот зад елементите исто така треба внимателно да се одберат. Изборот е: плочки, мермер, калено стакло, ХПЛ плочи или композитен материјал. Одбраниот материјал не само што ќе влијае на естетиката туку и на практичноста при користење и одржување.

За распоредот на кујната, позицијата на мијалникот и апаратите најдобро е да консултирате дизајнер на ентериер или архитект кој ќе ви помогне во изборот. Тој ќе изработи проект со цртежи и 3д визуализација за најдобро да се испланира кујната.

Изборот на апарати е важен за крајниот изглед на кујната, во последните години се најбарани вградените апарати кои целосно се вклопуваат во дизајнот на кујната. Така фрижидерот, машината за садови, и аспираторот се скриени и од надвор се исти како вратничките и фиоките што овозможува беспрекорен дизајн.

Плочите за готвење најчесто се стакло керамички што овозможува елегантен изглед. Мијалниците може да бидат излиени од ист материјал со работната плотна од композитен материјал. Може да бидат изработени и од не’рѓосувачки челик или акрилни композити.

Изборот на рачки е многу важен бидејќи како детаљ го заокружува дизајнот на кујната. Најактуелни се скриени рачки, вградени лајсна- рачки или отварање со мехнизам „push to open“ што овозможуваат минималистички изглед. Но за класичните кујни или кујни со рето дизајн има соодветен дизајн на рачки со „финиш“ на бакар или злато.

Ги издвојуваме најважните совети за уредување на кујна на кои треба да се обрати внимание:

1. Најмалку 80 см чиста работна плотна за подготовка на храната.

 

2. Добро организиран простор за садови и апарати, чување, подготовка и готвење на храната.

 

3. Движењето во кујната при подготовка на оброци да е логично без непотребни чекори.

 

4. Да има безвремен дизајн и да биде изработена од квалитетен материјал и оков.

 

5. Моќен аспиратор (по можност и природна вентилација) и добро осветлување на работниот простор,

Бидејќи кујната е место каде што се готви со „срце“, за да се подготват вкусни оброци потребно е хармоничен простор. Простор во кој ќе уживате да го поминувате времето и ќе биде лесен за одржување.

 

Доколку имате потреба да Ви помогнеме да ја уредите вашата совршена кујна контактирајте не!
тел: +389 70 367 499
          +389 70 935 277