ОДРЖЛИВ ДИЗАЈН (SUSTAINABLE DESIGN) ВО ЕНТЕРИЕРОТ

ОДРЖЛИВ ДИЗАЈН (SUSTAINABLE DESIGN) ВО ЕНТЕРИЕРОТ

Sustainable design или во превод одржлив дизајн се фокусира на заштеда на природните ресурси, заштеда на вода и електрична енергија, енергетска ефикасност, економичност и грижа за добросостојбата на луѓето. Целта на одржливиот дизајн е да се спречи деградирање на еко-системот, изумирање на видовите и уништување на шумите,  кое се случува како резултат на штетните супстанции кои се испуштаат во атмосферата и водата, зголемениот обем на отпад, поради интензивниот пораст на населението и индустријализацијата.

Рамнотежата помеѓу природата и човекот може да се постигне кога луѓето ќе прават правилни одлукикои нема да ги загрозуваат природните ресурси. Одлуки кои ќе вклучуваат обновливи извори на енергија, одржливи материјали кои не се токсични и не создаваат отпад. Иако темата е многу опширна и комплексна, во текстот во продолжение ќе ја опфатиме нејзината примена во ентериерите и домот со цел да поттикнеме свесност и позитивна промена, бидејќи иднината е во одржливоста!

КАКО ДА СЕ ПРИМЕНИ ОДРЖЛИВ ДИЗАЈН ВО ЕНТЕРИЕР

Во ентериерот одржливиот дизајн има многу начини на примена за да се добие дом кој е еко-френдли. Ориентацијата на просториите е многу важно да биде соодветна во однос на намената, просториите кои треба да имаат повеќе светло во текот на денот треба да бидат ориентирани на југ.

Искористувањето и овозможувањето на природно светло на сите простории не само што е економично туку и добро за човечикот организам. Секојдневното изложување на природна светлина во телото предизвикува низа метаболички процеси кои се многу важни за здравјето.

Со соодветно засенување на просториите од силно сонце во летните месеци се намалува потребата од трошење енергија за ладење со клима уреди.

Со замена на старите прозори со нови кои имаат квалитетни профили и стакло со заштитни фолии ќе се подобри енергетската ефикасност на објектот. Со тоа се постигнува и подобар простор за живеење и работа на луѓето поради тоа што новите прозори имаат подобра звучна изолација.

Добра акустика во просторот се постигнува со соодветна обработка на ѕидовите, подовите и плафоните и распоред на мебелот. Со намалување на вревата од надворешната околина, непосредната околина и уредите за греење и ладење се добива пријатен простор за работа и престој.

Ентериерот треба да е добро испроектиран со предвидено соодветно вештачко светло во зависност од намената. Треба да се избалансира  директно и индиректно осветлување. Примената на лед светилки и енергетски ефикасни апарати за домаќинство (Energy star)  заштедува електрична енергија.

Со чешми и санитарии  кои заштедуваат вода (сертифицирани според Water sense) се намалува потрошувачката. За наводнување може да се искористи дождовната вода.

Вентилацијата  и квалитетот  на воздухот се многу важни посебно во канцелариските простории и имаат бенефити за здравјето.

МАТЕРИЈАЛИ

При изборот на материјал да се земе во предвид: рок на користење, реупотреба на материјалот, да има мал ‘‘environmental impact‘‘ и  материјали од природно потекло, кои не содржат токсини и хемикалии штетни за здравјето на луѓето. VOCs (пример формалдехид) е хемикалија која испарува и испушта штетни гасови во воздухот, може да ја содржат бои, лакови, тапети и други материјали во домот. Еко-пријателски материјали кои може да се користат во уредување ентериери се: дрво (од локално потекло), плута, мов, коноп, лен, глина, волна, сунѓер, цигла, песок, восок, кокос, рециклирано стакло, рециклиран метал и др.

МЕБЕЛ

При изборот на мебел доколку се купува нов да биде од локални производители и од биоразградлив материјал. Стариот мебел да се реупотреби, пренамени или рециклира. Купување ’’second hand‘‘ или винтиџ мебел е добар начин да се примени одржлив дизајн. Винтиџ мебелот и антиквитетите често се рачно изработени од квалитетни материјали.

Доколку Ви треба наша помош околу примена на овој пристап во уредувањето на Вашиот ентериер, контактирајте нѐ на: тел: +389 70 367 499
или +389 70 935 277