МАЛИ ТАЈНИ ЗА ПРОСТОР СО СОПСТВЕН СТИЛ

МАЛИ ТАЈНИ ЗА ПРОСТОР СО СОПСТВЕН СТИЛ

Доколку сакате да живеете во уникатен простор, изоставете го интернетот како извор за инспирација! Разбудете ја креативноста со поттикнување на сетилата преку сопствените искуства и спомени.

 

 

 

Pinterest, Houzz, Instagram се апликации со многу фотографии од ентериери и архитектура, но идеите и стиловите понекогаш се премногу “трендовски”, а со тоа ги ограничуваат имагинацијата и креативноста.

 

 

 

 

Купете списание за архитектура и ентериери од типот на Architectural digest и селектирајте ги идеите што ви се допаѓаат. Анализирајте ја палетата на бои, материјали и текстури кои се применети.

 

 

 

 

 

Потсетете се на некој ентериер што сте го посетиле на некое патување и многу ви се допаднал. Тоа може да биде хотел, ресторан, или нечиј дом, и издвојте ги причините поради кои ви се допаѓа. Пробајте да креирате таков простор во Вашиот дом.

 

 

 

 

 

Седнете во празниот простор што треба да го уредите и размислете какво чувство сакате да предизвикате во просторот. Кои бои и форми ги замислувате и според намената каков мебел е потребен.

 

 

 

 

 

 

Групирајте ги предметите, декорациите и мебелот кои веќе ги поседувате, а треба да ги вклопите во просторот и да изградите приказна инспирирана од нив.

 

 

 

 

Доколку имате потреба од нашите услуги побарајте понуда тука

Или контактирајте нѐ на:

е-mail: ateljeproekting@gmail.com

тел: +389 70 367 499
+389 70 935 277