КАКО ПРАВИЛНО ДА ОДБЕРЕТЕ ГАРНИТУРА?

КАКО ПРАВИЛНО ДА ОДБЕРЕТЕ ГАРНИТУРА?

Гарнитурата е најголемото парче мебел во дневната соба, а со тоа и најмногу влијае со својата боја и дизајн во просторот. Многу е важно да направите добар избор при купување на гарнитура бидејќи се користи секојдневно. Функционалноста и распоредот на троседот, двоседот или аголната гарнитура се најважни за добро функционирање на просторот. Доколку се одберат парчиња мебел со многу големи димензии или несоодветен распоред,просторот може да изгледа мал и тесен. Доколку се одберат парчиња мебел кои се непропорционални со просторот- со мали димензии или недоволно местаза седење, дневната соба ќе изгледа празно и нема да нуди комфор.

Уште на почеток на уредувањето на дневната соба треба да одерете каков тип на дневна соба посакувате. Салонскиот тип на дневна соба изгледа софистицирано и најчесто се постинува со симетрични решенија на два троседи или двоседи и централно поставен телевизор. Дневна соба со акцент на удобноста, каде аголната гарнитура или троседот и двоседот се со комфорен дизајн, изработени со мека исполна и пријатен материјал. Акцентот е ставен на големината и удобноста на мебелот, па се надополнува со фотелји и табуретки. Кога дневната соба е со многу мали демнизии најдобро просторот се искористува со аголна гарнитура. Во дневна соба со големи димензии просторот може да се испланира со две групации за седење, во кои едната ќе биде ориентирана кон телевизорот, а другата групација за седење може да биде за читање или пред камин.

Доколку често имате гости кои имаат потреба од преспивање во Вашиот дом, барајте гарнитура која има механизам за спуштање и се трансформира во кревет. Ако не сте сигурни дали гарнитурата која ја одбравте ќе се вклопи со димензии во Вашиот простор, на подот со креп трака може да го обележите просторот кој ќе го зафаќа.

СОВЕТИ ПРИ ИЗБОР НА ГАРНИТУРА

1. Пред да одите во продавница,според боите во дневната соба дефинирајте која боја најдобро се вклопува

2. Според начинот на живот одберете кој материјал е најсоодветен за Вас(памук или друг природен текстил, синтетички материјал или кожа)

3. Измерете го просторот и одредете дали ви се потребни тросед, двосед и фотелја или аголна гарнитура (десна или лева)

4. Во продавница секогаш пробајте го седењето на експонатот кој ви се допаѓа

5. Дознајте повеќе за конструкцијата на гарнитурата, исполната на седалото, атестите кои ги направил производителот и гаранцијата за истата

 

Доколку Ви е потребна помош при изборот на гарнитура и уредувањето на дневната соба, контактирајте не за да Ви помогнеме со нашите идеи за убав и функционален дом.

е-mail: ateljeproekting@gmail.com

тел: +389 70 367 499
+389 70 935 277