КАКО КОРОНА КРИЗАТА ГО ПРОМЕНИ ДОМОТ?

КАКО КОРОНА КРИЗАТА ГО ПРОМЕНИ ДОМОТ?

Корона кризата има влијание на целокупниот живот и секојдневие. Веќе една година начинот на живот кој ни беше познат е променет. Карантинот и заштитните мерки нè натераа поголем дел од времето да го поминуваме во домот.

Домот освен основните намени доби и нови намени како канцеларија, училница, сала за вежбање… Многу луѓе почнаа да ја користат кујната повеќе од порано, не само за готвење туку и како место за собирање и комуникација. Шанковите добија централно место за собирање и пијалак во домот додека се подготвува оброк. Секоја од просториите доби потреба од интима за видео повик или онлајн учење. Па така детските соби, спалните соби, дневната па дури и трпезаријата брзо се трансформират во работни места. Домот почна да живее во нов ритам, и секој негов сантиметар се користи максимално.

Многу луѓе ги освежија ѕидовите на домот со нови бои. Библиотеките со книги повторно почнаа да се полнат и да се користат почесто. Поголемо внимание почна да се посветува на уредување на терасите и дворовите. И во ентериерот се повеќе билки и цвеќиња најдоа свое место. Намаленото темпо на патување овозможи редовна нега за нивно одгледување. Со нови растенија и удобен мебел се трудиме да се доближиме до искуството што го доживуваме во природа. Релаксирана атмосвера која не потсетува на одмор и патување.

Човекот се адаптира брзо на промените и наоѓа начини за олеснување на секојдневието, а и домот како рефлексија  на човекот се промени.  Домот минатите години за некого беше преноќиште, за некого попатна станица. Изминатата година стана вистинско засолниште од надворешниот свет.

 

 

Доколку имате потреба од нашите услуги побарајте понуда тука

Или контактирајте не на:

е-mail: ateljeproekting@gmail.com

тел: +389 70 367 499
+389 70 935 277