Како до проект за куќа?

Како до проект за куќа?

Градењето на сопствен објект е голем чекор кој секој го посакува. Доколку до сега не сте имале таква прилика, целиот процес можеби Ви изгледа комплицирано и нејасно. Прочитајте ги фазите низ кои треба да поминете и ќе знаете што се Ве очекува.

Припремен дел:

За почеток потребно е да се извади имотен листизвод од планска документација и Геодетски елаборат изработен од страна на лиценцирана геодетска фирма. Овие документи ќе ни ги овозможат потребните информации за да подготвиме понуда за изработка на проект. По прифаќање на понудата се изработува проектна програма која ги дефинира конкретните барања на инвеститорот во однос на просторно – функционалните целини и нивните приближни површини, како и дефинирани барања во однос на конструктивниот систем, техничко-технолошките инфраструктури и системи кои ќе се вградат во објектот. Врз основа на овие параметри се изработуваат првични концепти и идеи за проектирање на објектот.

Проектен дел:

По одобрување на концептот од страна на инвеститорот, се изработува Идеен проект и 3D модел за просторно и волуменско визуализирање на објектот. Идејниот проект се аплицира во општина за да се добие одобрение, по што се продолжува со изработка на Основен проект со сите потребни фази. Доколку објектот е поголем од 300mпотребно е да се изработи и ревизија на сите фази на проектот од страна на лиценцирана фирма за ревизија како и да се побара мислење за механичката отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбата од страна на ИЗИИС. Паралелно со основниот проект се изработува и детална 3D визуализација на објектот.

Административен дел:

Сите изработени проекти и дополнителна документација нашата фирма ги поднесува во Општина преку електронски систем за да се добие одобрение за градење.

Со техничките информации содржани во Основниот проект, Инвеститорот ќе може да побара понуди од градежни фирми за изведба на објектот.

За изведба на објектот потребен е и надзорен инженер кој ќе го контролира квалитетот на изведбата на објектот.

 

Доколку имате потреба од нашите услуги побарајте понуда тука

Или контактирајте нѐ на:

е-mail: ateljeproekting@gmail.com

тел: +389 70 367 499
+389 70 935 277