КАКО ДА ОДБЕРЕ ТРПЕЗАРИСКА МАСА

КАКО ДА ОДБЕРЕ ТРПЕЗАРИСКА МАСА

 

Трпезариската маса е многу важна во ентериерот од естетски, но и од социјален аспект- таа е местото каде се собира и зближува семејството и пријателите. Многу е важно да одговара на потребите и да се вклопува во просторот. Со својот дизајн пожелно е да е поврзана со останатиот дел од ентериерот на домот.

Во зависност од големината на просторот одберете соодветна димензија, а според позицијата облик: правоаголна, кружна или овална маса.
Правоаголните маси добро се вклопуваат кога треба да се доближени до ѕид или до шанк.

Кружните и овалните маси се одличен избор за скулптурален ефект во просторот.

Во ентериер  каде што нема простор за класична трпезарија, продолжение од шанк- плочата може да ја има таа намена.

Според начинот на живот одберете мала или голема трпезариска маса, што се пушта за посебни прилики или шанк маса за брз оброк.

 

 

Доколку имате потреба од нашите услуги побарајте понуда тука

Или контактирајте нѐ на:

е-mail: ateljeproekting@gmail.com

тел: +389 70 367 499
+389 70 935 277