КАКО ДА ОДБЕРЕТЕ ЛОКАЦИЈА ЗА ГРАДБА НА КУЌА

КАКО ДА ОДБЕРЕТЕ ЛОКАЦИЈА ЗА ГРАДБА НА КУЌА

 

Како што е важен изгледот и дизајнот на куќата, многу е важна и локацијата на која ќе се гради истата. Ориентацијата, покгледите кон околината и околните објекти влијаат на амбиентот во дворот, но и во ентериерот.

Одберете населба за која што сте заинтересирани и разгледајте што се нуди. Разгледајте и истражете ја околината, дали одговара на Вашиот животен стил, зелени површини, јавен превоз, образовни институции, болници, маркети и дефинирајте приоритети.
Анализирајте каква е инфраструктурата на локацијата и сообраќајната поврзаност со останатиот дел од градот.

За време на пребарување на локации надвор од градот обратете внимание на типот на земјиштето во катастар, пристапност со асфалтиран пат, приклучок за струја, вода и канализација.
Разгледувајте куќи во Вашата околина, примери од интернет и дефинирајте каков тип на куќа ви треба.

Дали на едно ниво или со повеќе катови, дали имате потреба од визба, тераси и тремови, гаража и број на паркинг места, партерно уредување или базен.
Направете концепт кои содржини треба да ги има вашиот нов дом.

Пред да донесете одлука за купување на плац ангажирајте архитект кој ќе направи анализа на условите и можностите на истата. Ваквиот пристап ќе Ви овозможи навремено информирање за непредвидливи недостатоци на локацијата.

 

 

Доколку имате потреба од нашите услуги побарајте понуда тука

Или контактирајте на:

е-mail: ateljeproekting@gmail.com

тел: +389 70 367 499
+389 70 935 277