ИНСПИРАЦИЈА ЗА ТОПЛИ БОИ НА ЅИДОВИТЕ

ИНСПИРАЦИЈА ЗА ТОПЛИ БОИ НА ЅИДОВИТЕ

 

Беж
Сите нијанси на беж се сигурна варијанта за ентериерот на домот. Може да се обојат сите ѕидови во оваа боја без страв од крајниот ефект. Добро се вклопува со сите бои и материјали, најдобро доаѓа до израз во простор со бел мебел.

 

Капучино
Оваа боја внесува топлина и рамнотежа во ентериерот, добро се вклопува со мебел од дрво и мебел во светли неутрални бои. Сигурен избор е кога сакате да внесете нова боја, но не сте спремни за нешто драстично.

 

Жолта
Жолтата боја внесува свежина и оптимизам во просторот, во зависност од јачината на истата треба да се избалансира нејзината употреба. Добро се вклопува со разлилни типови дрво, мебел во бела, беж, сива и црна боја.

 

Пастелно розова
Со оваа боја се доловува доминантно женски и романтичен амбиент ако се користи на сите ѕидови. За да се добие поинаков ефект може да се комбинира со мебел во црна или сива боја, за разлика од најчестиот избор- мебел во бела боја.

 

Лосос портокалова

Оваа доминантна боја, веднаш привлекува внимание и нејзината употреба треба да биде со мерка. За уникатен ‚‚тропски‘‘ амбиент може да се постигне со многу зеленило и жолти акценти во просторот.

 

Црвена
Црвената боја секогаш привлекува внимание, употребена на ѕидовите или ќе Ве воодушеви или ќе ја ‚‚мразите‘‘. Со бели, беж и сиви тонови може да се избалансира нејзиното влијание. За сериозен и доминантен ентериер комбинирајте со обработки од темно дрво и антрацит боја.

 

 

Доколку имате потреба од нашите услуги побарајте понуда тука

Или контактирајте не на:

е-mail: ateljeproekting@gmail.com

тел: +389 70 367 499
+389 70 935 277