ПРОЦЕС НА РАБОТА

 

 

 

ОДГОВОРИ НА НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

 

 

 

1. Кој е процесот за изградба на објект?

За изгредба на објект најпрво потрено е да се извади имотен лист, извод од планска документација и Геодетски елаборат изработен од страна на лиценцирана геодетска фирма. Овие документи ќе ни ги овозможат потребните информации за да започнеме со првични концепти и идеи за проектирање. Потоа се изработува проектна програма која ги дефинира конкретните барања на инвеститорот во однос на просторно – функционалните целини и нивните приближни површини, како и дефинирани барања во однос на конструктивниот систем, техничко-технолошките инфраструктури и системи кои ќе се вградат во објектот.

Понатаму од наша страна се изработува Идеен проект или Основен проект со сите потребни фази. Доколку објектот е поголем од 300m2 потребно е да се изработи и ревизија на сите фази на проектот од страна на лиценцирана фирма за ревизија како и да се побара мислење за механичката отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбата од страна на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија. Сите овие документи нашата фирма ги поднесува во Општина преку електронски систем за да се добие одобрение за градење. Со техничките информации соржани во Основниот проект, Инвеститорот ќе може да побара понуди од градежни фирми за изведба на објектот. За изведба на објектот потребен е и надзорен инженер кој ќе го контролира квалитетот на изведбата на објектот.

 

 

2. Што содржи Основниот проект?

Основниот проект содржи повеќе меѓусебно усогласени проекти: Архитектонски проект, Градежно конструктивен проект, Проект за електрични инсталации, Проект за машински инсталации, Проект за хидротехнички инсталации и по потреба зависно од големината на објектот потребно е изработка на Проект за заштита од пожари, Елаборат за енергетска ефикасност, Елаборат за заштита на животна средина, Проект за сообраќај, Елаборат за геомеханички испитувања на тлото.

 

 

3. Колку чини изработка на Основен проект?


Цената за изработка на Основен проект, се формира во зависност од: намената на објектот, квадратурата, времето за изработка на проектот и вкупната вредност на инвестицијата, според тарифникот за инженерски услуги составен од Комората на овластени архитекти и овластени инженери.

 

 

4.Колку време трае процесот на проектирање?

Процесот на проектирање зависи од големината и комплексноста на објект, но најчесто од 1-3 месеци.

 

 

5. Колку чини изработка на проект за ентериер на стан?

Цената за изработка на проект за ентериер изнесува  околу 10%-15% од вредноста на инвестицијата.

 

 

6. Што содржи проектот за ентериер?

Проектот за ентериер опфаќа архитектонско снимање на постојната состојба на просторот, изработка на технички цртежи (основи, пресеци, изгледи, спецификација на опрема), изработка на предмер, 3D моделирање и 3D визуелизација на просторот.

 

 

7. Што опфаќа реконструкција/ реновирање на стан или куќа?

При реконструкција и/или реновирање на стари објекти и станови секогаш се трудиме да се задоволат барањата на инвеститорот доколку не е спротивно на  стабилноста на објектот. При реновирање на куќа, доколку е потребо да се подобри енергетската ефикасност, потребно е изработка на нова фасада, нова фасадна столарија и промена на кровните покривачи. Во ентериерот најчесто потребни се промени на подовите, преградните ѕидови, плафоните, поставување на нови електрични и водоводни инсталации и санитарии, промена на фасадна и ентериерна столарија, промена на плочки и молерски работи. Обемот на работа се дефинира во договор и согласно со потребите, рокот за изработка и буџетот на Инвеститорот.

 

 

8. Зошто ми е потребен надзорен инженер на објектот/ентериерот?

Надзорниот инженер е стручно лице кое има овластување за вршење на надзор. Негова обврска е да врши проверка над изградбата, дали истата е во согласност со проектот, да ги контролира количините и квалитетот на изведбата на објектот или ентериерот и да ги штити интересите на инвеститорот.

 

За сите дополнителни прашања можете да не контактирате на:

е-mail: ateljeproekting@gmail.com

телефон: +389 (0) 2 3063006;

моб: +389 70 367 499