Актуелни стилови во ентериерот

Актуелни стилови во ентериерот

ВИНТИЏ СТИЛ       

Винтиџ е термин кој се однесува на парчиња што датираат од 20 до 100 години во минатото. Во ентериерот винтиџ стилот може да го постигнеме со  мебел од дрво, кожа, тапети, теписони и светилки од одреден период во минатото. Подовите најчесто се дрвени со патина, а ѕидовите се обложени со тапети или во пастелни бои. Со декоративни предмети како стар куфер, машина за пишување, грамофон и сл. може да го доловиме овој стил.

ПАРИСКИ ШИК СТИЛ

Париски шик е комбинација на класични и модерни стилови во ентериерното уредување. Се карактеризира со светли пастелни бои, паркет “шеврон“, декоративни гипсани лајсни, златни завршници. Во ентериерот може да се долови со еклектична комбинација на антиквитети, стар мебел, големи огледала, драматични драпери, раскошни лустери.

СКАНДИНАВСКИ СТИЛ

Скандинавскиот стил, кој настанал околу 1930 година во нордиските земји, се карактеризира со едноставност, минимализам и функционалност. Се користат  природни материјали како светло “натур“ дрво, лен, волна, мохер, јута и сл. За да се постигне ваков стил потребно е многу дневно светло, дрвен под, ѕидови во бела боја, светли нијанси на дрво, едноставен мебел, неутрални бои, прекривки со текстура, минимум декор.

ИНДУСТРИСКИ СТИЛ

Индустрискиот стил настанал со пренамена на стари магацини, складишта, индустриски објкети во простори за живеење или работа. Како последица на тоа во ентериерот има стари цигли, натур бетон, рустично дрво, видливи инсталации. Овој стил во ентериерот може да се внесе со употреба на кожа, мебел со метална конструкција, видлви цевки кабли и канали за вентилацијa.

 

 

 

 

Доколку имате потреба од нашите услуги побарајте понуда тука

Или контактирајте на:

е-mail: ateljeproekting@gmail.com

тел: +389 70 367 499
+389 70 935 277